Шанса и за Македонија – Романија прави балкански сојуз за организација на ЕП 2028

Министерот за млади и спорт на Романија, Јонут Строе, објави дека неговата земја заедно со Грција ќе поднесе кандидатура за организација на Европското првенство во фудбал што треба да се одржи во 2028 година.

Партнер на Романците би била Грција, а тие размислуваат и за балкански сојуз и со Бугарија и Србија за заедничка организација на континентален фудбалски шампионат.

Македонија не беше спомената од Строе во телевизиското интервју во Романија, но можно е да биде приклучена во сојузот од неколку балкански земји што ќе одат созаедничка кандидатура.

„Веќе разговаравме за оваа идеја со неколку земји од Источна Европа и со Грција. Можно е да ни се приклучат и Србија и Бугарија, а ќе ни требаат нови стадиони, иако имаме доволно добри фудбалски арени и сега. Ни требаат вкупно 10 стадиони и тоа не би требало да претставува проблем. Ќе продолжиме со разговорите и планираме состанок во Букурешт или во Клуж за да се договориме како да го реализираме планот и кои земји би биле домаќини ако ја одбиеме организацијата на Европското првенство“, рече Министерот за млади и спорт на Романија.

Засега тие планираат да бидат домаќини со 4 стадиони, два во Букурешт и по еден во Крајова и во Клуж.

Македонија може комотно да се вклучи во проектот со националната арена „Тодор Проески“ во Скопје со искуството од многу квалификациски натпревари и со организацијата на мечот од Суперкупот на Европа меѓу Реал Мадрид и Манчестер јунајтед што се одигра кај нас во 2017 година.

- Оглас -

Најнови вести