Шанси, пречки и стативи да, но голови не: финалето на ФА купот оди во продолженија

За првпат по 2005 година, финалето на англискиот ФА куп заврши со најнепопуларниот резултат од 0-0, а за првпат после 2016 година, ќе се играат продолженија затоа што по регуларните 90 минути игра било нерешено.

Челзи и Ливерпул создадоа доста шанси, двата тима ги погодуваа рамките на голови, но не постигнаа гол после 90 минути игра и сега им претстојат уште 30, а потоа можеби ќе има и пенали.

Лоша вест за Црвените е повредата на Мохамед Салах кој излезе од игра во првото полувреме. Засега не се знае каква е повредата и дали за Салах сезонава е завршена или сепак ќе може да игра во последните две кола од Премиерлигата и во финалето на ЛШ.

- Оглас -

Најнови вести