Шарапова сѐ подалеку од првиот овосезонски Гренд слем

Некогашната најдобра тенисерка на светот, Марија Шарапова, поради повреда на бутниот мускул утринава го предаде мечот против Арјани Сабаленка во четврт-финалето на турнирот во Шенжен. Руската тенисерка и покрај укажаната медицинска помош, не можеше да продолжи со мечот при заостаток од еден сет и 4-2 во вториот.

Сепак, најмал проблем е што Шарапова остана без шанса да го освои пехарот во Шенжен, поради болките во бутот, нејзиното учество на првиот овосезонски Гренд слем, Отвореното првенство во Австралија е доведено во прашање. Со цел да се појави на собирот во Австралија, Шарапова ќе треба да ја надмине повредата во следните 10 дена, бидејќи стартот на првенството е закажано за 14-ти јануари.

Претходно, поради повреди се откажаа Хуан Мартин дел Потро и Ришар Гаске од настап на првиот Гренд слем, а турнирот во Австралија сега може да остане без уште едно звучно име.

- Оглас -

Најнови вести