Шарлот ги посрамоти Ракетите со стартна серија од 20-0, па ни тројниот учинок на Харден не помогна (видео)

Рапсодијата на Шарлот хорнетс на почетокот од средбата со Хјустон им го нанесе на Ракетите третиот пораз во низа. Стршените триумфираа со 108:99, благодарение на фантастичната серија на домаќините од 20-0 во првите седум минути од средбата.

Гостите беа без реализација до петтата минута од воведниот период, па ниту Харден не можеше да помогне да се избегне поразот иако Брадата оствари трипл-дабл. Ракетите цела средба се обидуваа да излезат од негатива, најмногу што успеаја е да намалат на -3, но домашниот состав во неколку наврати повторуваше реализација без примен кош и ја прекина лошата традиција против Хјустон од седум последователни порази во меѓусебните дуели.

Харден заврши со 30 поени, 14 асистенции и 10 скока, апсолутно недоволно за Ракетите, додека на победничката страна се истакнаа Розиер со 24 поени, Грем со 23 и Вашингтон со 22 поени.

https://www.youtube.com/watch?v=wVuUXexkSOk

Останати резултати: 

Детроит 105:111 Јута, Кливленд 104:102 Денвер, Мемфис 118: 101 Атланта, Голден стејт 118:114 Филаделфија, Портланд 111:123 Сакраменто.

 

- Оглас -

Најнови вести