Шефилд го изненади Лидс во Јоркшир дербито

Лидс јунајтед претрпе минимален пораз на домашен терен од 0-1 во Јоркшир дербито против Шефилд јунајтед. Гостите ја добија битката за втората позиција во Чемпионшип лигата, па сега тие се пред екипата за која настапува нашиот Езѓан Алиоски со еден бод предност. Што се однесува за македонскиот репрезентативец, Алиоски стандардно ги одигра сите 90 минути, почнувајќи ја средбата на левата бековска позиција.

Иако фудбалерите на Марсело Бијелса доминираа во текот на целата средба, и во посед на топка и во обиди, сепак, разликата на мечот ја направи Башам во 71-та минута. Во последните моменти Лидс остана со играч помалку на теренот, откако голманот Касилја направи фаул вон шестнаесетникот во обид да спречи втор гол на Шефилд и заработи директно исклучување.

Сега Шефилд се втори со 74 бода, еден помалку од нив има Лидс, додека Норвич и натаму се лидери со 75 бода во пресрет на 38-то коло.

- Оглас -

Најнови вести