Шефилд не се предава, Џагиелка со црвениот картон на чекор од историја

Шефилд јунајтед ја совлада Астон вила со 1-0 во меч од Премиер лигата, на кој домашните повеќе од половина час играа со човек помалку на теренот, но успеаја да ја зачуваат минималната предност. Црвениот картон го доби ветеранот Фил Џагиелка, кој има 38 години и 198 дена, со што влезе во книгата на негативни рекорди како втор најстар фудбалер во историјата на Премиер лигата кој бил исклучен.

Највозрасен играч кој добил црвен картон во историјата на англискиот шампионат е Стјуарт Пирс со 38 години и 341 ден, од еден меч во 2001 година.

И покрај победата, Шефилд е последен, со три бода помалку од претпоследниот ВБА и девет од Фулам, но Шефилд има и еден меч повеќе од тимовите кои мора да ги надмине за да се спаси од преселба во Чемпионшип.

- Оглас -

Најнови вести