Шега или суевереие, Рома со неверојатна забрана до своите играчи

Сликањето со канадскиот рапер Дрејк им донесе порази на многу спортисти, па во фудбалскиот клуб Рома објавија дека на своите членови им забрануваат фотографирање или селфија со Дрејк.

„Проклетството на Дрејк“ веќе зема голем замав, а најнова „жртва“ е Курзава од ПСЖ. Според суеверните, ПСЖ загуби од Лил затоа што Курзава се сликаше со малерот Дрејк.

Сè почна во 2013 година, кога Дрејк стана глобален амбасадор на на НБА-клубот Торонто репторс. Оттогаш канадскиот тим е познат како голем губитник и тим кој секогаш губи важни мечеви. Откако Дрејк во 2014 објави дека ќе навива за Универзитетот Кентаки, загубија во финалето на НЦАА лигата од Висконсин. Истата година, Мајами хит (омилен тим на Дрејк) беше разбиен од Сан Антонио во финалето на НБА.

Серена Вилијамс се сликаше со Дрејк непосредно пред да загуби од Роберта Винчи во полуфиналето на Отвореното првенство на САД во 2015 година. Конор Мекгрегор сликањето со Дрејк го плати со пораз од Хабиб Нурмагомедов минатата година.

Оваа година, фудбалерите кои се сликаа со Дрејк имаа малери. Џејдон Санчо со Борусија Дортмунд беше разбиен од Баерн, Пјер-Емерик Обамејанг беше резерва во поразот од Евертон, Серхио Агуеро утна пенал против Тотенхем во Лигата на шампионите, а откако Курзава се пофали со слика со Дрејк, ПСЖ го претрпе најтешкиот лигашки пораз во последните 19 години.

 

- Оглас -

Најнови вести