Шек и Баркли му се навртеа на шампионот: Леброн и Дејвис мораат подобро, никој не се плаши од Лејкерс

Шекил О’Нил и Шарлс Баркли како поранешни ѕвезди на ЛА лејкерс, односно Феникс санс, од аналитичарското столче ја проследија победата на Сонцињата од 99:90 во првата средба против аткуелниот првак.

И двајцата потоа без многу колебање го критикуваа тимот на Фенк Вогел, додека Шек им испрати порака на првите ѕвезди Леброн Џејмс и Ентони Дејвис дека мора подобро да играат во следните натпревари.

„Гледајќи од нивна перспектива, сигурен сум дека играчите на Лејкерс веруваат дека може да ја освојат серијата. Леброн и Дејвис одиграа навистина слабо, што не смее да им се случи во наредните дуели. И двајцата мора да го кренат нивото на игра. Мој совет до Дејвис е да ја искористи својата висина и брзина под кошот, знам дека е свесен дека може да му проработи шутот. Феникс ја разбуди мечката, а што ли мечката ќе прави сега, останува да видиме“, истакна Шек, по што Баркли се надрврза:

„Не сум сигурен дека Лејкерс е тимот од кој треба останатите да се плашат. Без разлика на најавите пред оваа серија, Лејкерси не може да влезат во секој меч верувајќи дека ќе победат без при тоа да одиграат на врвно ниво. Џејмс и Дејвис со месеци немаат одиграно како што треба, бидејќи беа повредени и се надвор од ритам. Иако се шампиони, Лејкерси треба да разберат дека Феникс не е Голден стејт. Имаа среќа што во тој плеј-ин меч Кари немаше помош од соиграчите, па затоа Лејкерс се најде во разигрувањата. Знам дека оваа серија ќе биде интересна, но само доколку првите две ѕвезди на Лејкерс се разиграат. Во спротивно, Феникс оди понатаму“, додаде Баркли.

И двајцата со право се навртеа кон лидерите на актуелниот првак. Џејмс во 36 минути на паркетот реализира само 18 поени со учинок 6/13 од игра, во уште послабо издание се покажа Дејвис со скромни 13 поени, што не е карактеристично за Веѓата.

- Оглас -

Најнови вести