Шекил О’Нил, па Јусуф Нуркиќ

Демиен Лилард со 34 поени беше лидер на Портланд во победата над Лејкерс со 100:93 во првата пресметка од разигрувањата меѓу овие два тима. Но, Блејзерси имаа и херој во позадина кој еднакво придонесе за изненадувањето на Западот.

Тоа е центарот Јусуф Нуркиќ, кој во 33 минути поминати на паркетот оствари дабл-дабл од 16 поени и 15 скока. Босанскиот џин посебно се истакна на стартот од средбата, кога во првата четвртина веќе имаше двоцифрен учинок во двете категории, по 10 поени и скока.

Имено, Нуркиќ е првиот кошаркар по Шекил О’Нил кој успеал во првата делница да биде двоцифрен во поени и скокови во еден меч од разигрувањата, остварување какво што не се видело од 2001 година.

- Оглас -

Најнови вести