Шест фудбалски великани од Белгија пред исфрлање во позигок ранг поради криминал

Во Белгија на големо се води акцијата „Операција нула“ каде што голем број на фудбалски клубови и личности се под истрага корупциски и криминални активности.

Според тамошните медиуми, великаните: Генк, Генк, Шарлоа, Стандард, Клуб Бриж и Кортјик се пред губење на прволигашката лиценца и враќање во петтата лига.

Според правилата на федерацијата, доколку една личност е фатена во криминал, засапувајќи го клубот а тоа ако е претседател, директор или некој член од управниот одбор тогаш следи и голема казна за клубот.

Наводно, 57 луѓе се под истрага на финансиската полиција а наредните денови деталите ќе бидат многу појасни.

 

- Оглас -

Најнови вести