30.8 C
Skopje
вторник, 8 јули 2025

Шесте шампионски прстени на Чикаго продадени за 255.000 долари

Мајкл Џордан го предводеше Чикаго булс до шест шампионски трофеи во НБА лигата. Дел од таа ера во Чикаго билс беше и Џон Капс, човекот од обезбедувањето на клубот. Капс кој повеќе од 50 години беше дел од клубот, имаше прстени од сите шест шампионски сезони.

Човекот кој се појавува и во документарецот „Последен танц“ на Мајкл Џордан, почина, а неговото семејство реши да ги продаде прстените. На аукцијата која траеше од 6 до 22 октомври, беа продадени сите шест прстени.

Најголема вредност постигнаа последните два прстени од шампионските 1997 и 1998 година кои беа продадени за по 49.200 долари. Прстенот од 1992 година вредеше 47.970 долари, а потоа следува тој од 1993 година со вредност од 45.510 долари. Најмала вредност имаат прстените од 1991 година кој беше продаден за 39.360 долари и тој од 1996 година, кој достигна вредност од само 24.600 долари. Почестната вредност на прстените беше 5.000 долари, а на крајот, семејството на Капс собра вкупно 255.840 долари.

 

- Оглас -

Најнови вести