Белгија како осморангирана репрезентација во светот, вечерва ќе гостува во Скопје на Македонија, во меч од квалификациите за Светското првенство во 2026 година. Во експедицијата на белгиската селекција е и легендарниот напаѓач Енцо Шифо.
Шифо беше предводик на Црвените ѓаволи на мечот кој во Скопје се одигра на 7 јуни, пред празни трибини. Македонија тогаш беше казнета од УЕФА поради петардите што беа фрлени од трибините на дуелот против Кипар во Скопје, па Белгијците кои имаа одличен тим, добија и дополнителна помош да немаат притисок од трибините.
Шифо заедно со неговиот тогашен соиграч Де Билде, директно од теренот на арената „Тодор Проески“ испратија порака: Тука пред точно 30 години победивме со 0:5. Шифо тогаш постигна два гола.