Шкендија да ја скокне Рига ќе има лесен ривал за плејоф во Конференциската лига на УЕФА

Шкендија има одлична шанса да игра во плејофот од квалификациите за настап во Конференциската лига на УЕФА и ако ја елиминира Рига, тетовци би играле со Фолгоре, или со Хибернијанс.

Фолгоре е претставник на Сан Марино, најслабата земја членка на УЕФА, а и Хибернијанс е противник по мерак за Шкеднија, која мора прво да го елиминира летонскиот тим Рига.

Хибернијанс е попознатио име во Европа од Фолгоре и има одиграно натпревари во еврокуповите против Реал Мадрид и Манчестер јунајтед.

Шкупи ако направи подвиг против Санта Клара и ги елиминира Португалците би играл со Олимпија од Љубљана, или Биркиркара од Малта.

 

- Оглас -

Најнови вести