Шкендија го победи Вардар, а ривалите на тетовци киксираа

Шкендија се намачи, но на крајот со 2:1 го победи подмладениот тим на Вардар, во дуелот на двата трофејни клуба во македонското првенство. Тетовци беа големи фаворити, но младите фудбалери на најтрофејниот клуб во Македонија одиграа храбро и малку недостасуваше да си заминат непоразени од Тетово.

Мурати погоди за 1:0 за Шкендија, но неполни 100 секунди подоцна Вардар израмни преку Мирчевски. Тоа беше и резултат на полувреме. Тетовци до победата стигнаа благодарение на голот на Алими од слободен удар. Од околу 20 метри Алими биеше, голманот на Вардар Илиќ слабо реагираше и не успеа да ја исфрли топката во поле.

На крајот Шкендија ги освои посакуваните три бода, а во корист на лидерот се и резултатите од останатите мечеви. Второпласираниот Шкупи ремизираше против Академија Пандев без голови, а Македонија Ѓорче Петров на свој терен одигра 0:0 против Борец од Велес.

Пелистер на свој терен со 3:1 ја победи Ренова, а единствената победа на гости ја забележа Струга Трим Лум на теренот на Беласица со 2:1.

Табела по 20 коло: Шкендија 45 бодови, Шкупи 37, Македонија ЃП 35, Струга Трим Лум 32, Работнички 28, Вардар 26, Борец 26, Силекс 23, Пелистер 22, Ренова 19, Академија Пандев 18, Беласица 12.

- Оглас -

Најнови вести