Шкендија и ПСВ ќе победат, Реал и Арсенал во второто полувреме ќе се распукаат

Шкендија – Дуделанж (17.55 часот)

Македонскиот првак ќе стори сè за да дојде до победа за помирен реванш во Луксембург. Шкендија одамна нема одиграно нерешено, додека средбите на Дуделанж се ефикасни со многу голови. Тетовци ако дадат голови во двете полувремиња, би требало да триумфираат. Против Номе Калју, слаба точка на Шкендија беше реализацијата, сега е шанса да се поправат.

Предлог тип: 1 & 1+ I& 1+II (2.60)

 

ПСВ Ајндховен – Базел (20.00 часот)

Холандскиот тим во последните 22 официјални меча претрпе само два порази. Дома ПСВ е многу опасен, има само два порази (од Интер и Барселона) на последните 24 меча. Базел знае да биде незгоден ривал, често игра и групна фаза во ЛШ. Иако резултатите на Швајцарците во лигата и на контролите се добри, сепак холандскиот тим е малку посилен, а и домашниот терен е на нивна страна.

Предлог тип: Т1 1+I & T1 2+ (2.15)

 

Реал Мадрид – Арсенал (01.00 часот)

Во квотите на денот на Sport Life има и еден меч кој се игра во 1 часот по полноќ, па имате доволно време да размислите што ќе типувате. Арсенал игра добро во подготвителниот период, има серија од три победи по ред. Реал загуби од Баерн и ќе сака да остави подобар впечаток, особено почетните 11 на кои Зидан најмногу им верува, а не се прославија на првата контрола. Официјалните мечеви на овие клубови не носеа голови, но ова е од пријателски карактер и би требало нападите да бидат поефикасни.

Предлог тип: 1+I & 2+II (2.25)

 

П’лзењ – Олимпијакос (19.00 часот)

П’лзењ новата сезона во чешкото првенство ја го почна со две победи, во кои овој тим и даваше и примаше голови. Олимпијакос во минатата сезона беше најефикасен тим во грчката лига, а летово од осум пријателски средби, дури на пет одигра нерешено. Тука сите исходи се можни. Ова се тимови кои никогаш досега не играле меѓу себе.

Предлог тип: ГГ (1.92)

 

ТНС – Копенхаген (20.00 часот)

Гостите се фаворити на хартија. Данците се посилни, сите параметри се на нивна страна. Верувале или не, ТНС не знае за пораз во 2019 година, но нивните денешни противници се посилни од кој било ривал со кого се сретнаа Новите светци во оваа календарска година. Велшаните ќе се обидат да извлечат барем реми, што за нив би било успех.

Предлог тип: 2 & 2-3 (2.55)

- Оглас -

Најнови вести