Шкендија има тешко гостување во Кратово, Македонија ЃП мора да победи

Возбудувањата во 30. коло на Прва фудбалска лига на Македонија започнува денеска со два меча кои ќе се играат од 16 часот. Актуелниот првак Шкендија ќе гостува во Кратово против Силкес во дербито кое може да реши многу енигми, кога се работи борбата за титулата.

Шкендија претрпе два порази во последните четири кола, а секогаш е предизвик да се победи во Кратово. Силекс е речиси стоосто сигурен дека на крајот ќе биде на четвртото место на табелата, а излез во фудбалска Европа ќе бара преку настапот во Купот на Македонија, каде е дел од полуфиналето.

Традицијата вели дека во последните 11 дуели на овие два тима Шкендија има пет победи, Силекс се радувал два пати, а четири меча завршиле без победник. На шест од последните осум дуел на овие два ривали, погодоци имало на двете страни.

Шкупи кој е на дното е домаќин на Македонија ЃП која е на претпоследното место со 27 бодови, па Лавовите едноставно мора да ги освојат трите бода на овој дуел. Сезонава Македонија Ѓорче Петров два пати славеше над Шкупи без да прими гол и сега е фаворит за освојување на нови три бодови.

 

- Оглас -

Најнови вести