Динамо и Шкендија договорија пријателски меч, тетовци ќе го глумат Шкупи

Тетровска Шкендија ќе игра против Динамо Загреб на 26. јуни на подготовките за новата сезона, која ќе почне со квалификациските дуели во еврокуповите.

И токму во втората филтер рунда за настап во најсилното европско натпреварување, Лигата на шампионите, се очекува интересен двомеч меѓу хрватскиот првак Динамо и македонскиот шампион Шкупи, ако чаирчани го минат првото коло и бидат поуспешни од Линколн Ред Импс од Гибралтар.

Во тој случај ќе му гостуваат на Динамо во Загреб на 19, или 20 јули, а реваншот би се играл една седмица подоцна во Скопје.

Шкендија ќе игра со Динамо на подготовките во Словенија на 26. јуни, а и тетовци се подготвуваат за настап во Конференциската лига на УЕФА.

Во првото квалификациско коло за настап во фазата по групи Шкендија ќе игра со Арарат од Ерменија, а потоа ривал би им бил составот на Валмеира од Летонија.

 

 

- Оглас -

Најнови вести