Шкендија се прости од Висар Муслиу

Актуелниот македонски шампион, Шкендија, го потврди трансферот на Висар Муслиу во унгарскиот вицешампион МОЛ Фехервар, клуб чиј дрес го носи Бобан Николов.

Централниот дефанзивец за Шкендија настапуваше 18 месеци и освои две шампионски титули и еден Купот на Македонија. Муслиу настапи на 62 официјални натпревари (12 во европските купови) за Шкендија и постигна девет гола.

МОЛ Фехервар во минатата сезона се викаше МОЛ Види, а претходно Видеотон. Муслиу има 24 години, а бидејќи имаше договор до 30 јуни 2020 година, Шкендија за него ќе добие обештетување, чија висина не е позната. Од тетовскиот клуб официјално му се заблагодарија на Муслиу за придонесот во црвено-црниот дрес, и му посакаа среќа и успех во иднина.

- Оглас -

Најнови вести