Шкотска ги открива слабостите на Лалињата, од Мемфис треба најмногу да се чуваме (видео)

Шкотска го држи во егал резултатот против Холандија при 1-1 во пријателската контролка на фаворитот во нашата група Ц од Европското првенство.

Составот на Стив Кларк успеа рано да ги открие слабостите на Лалињата, при високо поставена одбрана Депај ја загуби топката на негова половина, па Шкотите во брза акција и шутот од далечина на Хендри го отворија резултатот во 11-тата минута.

https://streamable.com/px5noj

Ѕведата на Лалињата сепак успеа да се оддолжи за кискот кој доведе до гол за Шкотска. Депај израмни на 1-1 само шест минути подоцна, потврдувајќи ја својата форма пред настапот на континенталниот собир, од каде што дефинитивно ќе доаѓа најголемата закана по голот на Димитириевски.

https://streamable.com/9bjwog

Националниот состав на Игор Ангеловски ќе се соочи со Холандија во третото коло од групната фаза, средбата е закажана на 21 јуни во Амстердам, на „Јохан Кројф арената“.

- Оглас -

Најнови вести