Селтик го доби “Олд Фирм“ дербито и ќе игра во финалето на шкотскиот Куп (Видео)

Екипата на Селтик ќе игра во своето 60-то финале, откако во полуфиналето од Купот на Шкотска го совлада најголемиот ривал Глазгов Ренџерс со 1-0. Стрелец на единствениот погодок на натпреварот беше португалскиот интернационалец Жота во 42-рата минута од мечот.

Противник во големото финале на екипата на Селтик ќе и биде Инвернес и токму затоа дуелот против Ренџерс финале пред финале во шкотскиот куп.

За екипата на Инвернес ова ќе биде само второ финале во Купот на Шкотска, откако претхоно настапија во 2015-тата година, кога и го освоија трофејот.

- Оглас -

Најнови вести