Шкотска со историска победа над Шпанија, Косово шокирано од Андора (Видео)

Шкотска за првпат во својата историја славеше над Шпанија, и тоа без да прими гол, откако на „Хемпден парк“ резултатот беше 2:0 за домаќините во меч од квалификациите за пласман на Европското првенство 2024 година. За Шкотска ова беше прва победа над Шпанија во последните 39 години, а Црвената фурија го претрпе само вториот пораз во последните 39 евроквалификациски дуели (имаат 34 победи).

Херој на Шкотска е Скот Мектоминеј, кој беше стрелец на двата гола. Големиот триумф беше најавен само по седум минути, кога домаќините поведоа со 1:0, а тој погодок може да го видите ТУКА.

Од почетокот на второто полувреме беше потребно речиси исто време како во првиот дел за Мектоминеј по вторпат да донесе радост на домаќините. Играчот на Манчестер јунајтед погоди за 2:0 во 51-вата минута, а голот може да го видите ТУКА.

Домашниот терен вечерва го искористија Велс, кој минимално со 1:0 ја победи Летонија, потоа Романија, која со 2:1 славеше над Белорусија, а најубедлива беше Швајцарија по триумфот од 3:0 над Израел.

На гости се радуваше Хрватскa против Турција со 2:0, а Косово киксираше и дома одигра само 1:1 против аутсајдерот Андора.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести