Селтик со 2:1 го победи Глазгов Ренџерс во „Олд Фирм“ дербито во Шкотска кое трае повеќе од три века. Ова беше дуел од 36 коло во тамошниот шампионат, а Селтик со победата стигна до 87 бодови, шест повеќе од Глазгов Ренџерс. До крајот на првенството има само уште две кола, што значи дека Селтик само теоретски треба да ја обезбеди новата титула
Клучен играч на дербито беше Џон Лундстрам кој го носи дресот на Глазгов Ренџерс. Селтик поведе со 1:0 а потоа Лундстрам си даде автогол и противникот зголеми на 2:0.
Пред крајот на првото полувреме Ренџерс намали на 1:2, но потоа се случи уште еден пех за гостите, а повторно во главна улога беше Лундстрам. Играчот за врска на Ренџерс доби црвен картон и така истиот фудбалер кој си даде автогол, потоа ги остави на цедило своите соиграчи. Со играч помалку Ренџерс не успеа да се спаси од пораз.