Шкрињар мисли само на Интер, останува на „Џузепе Меаца“ до 2023 година

Раководството на Интер заврши голема работа пред крајот на сезоната, ги осигура услугите на нивниот дефанзивец Милан Шкрињар уште на четири години. Како што најавија реномираните италијански новинари Џанлука ди Марцио и Фрабрицио Романо, Шкрињар ги прифатил условите за нов договор, а се чека официјализација.

Словачкиот репрезентативец ќе остане на „Џузепе Меаца“ до 2023 година, каде што ќе заработува годишно по три милиони евра, плус бонуси, а како што е најавено, платата процентуално ќе се зголемува по секоја одиграна сезона. Шкрињар ќе биде меѓу најплатените во тимот, а секако ги оправдува сите средства потрошени за него.

Тој е еден од играчите во кои Спалети има многу доверба, а откако пристигна од Сампдорија во 2017 година за сума од 28 милиони евра, неговата цена на фудбалскиот пазар порасна речиси за тројно.

Со овој потег јасно е дека Шкрињар нема намера да си замине од Милано, и покрај тоа што за него се интересираат голем број европски гиганти, како Реал Мадрид, Барселона, но и двата клуба од Манчестер.

- Оглас -

Најнови вести