Шкупи ако го помине Левски, може да игра против Динамо Киев во ЛК (Фото)

Денес во седиштето на УЕФА во Нион ќе биде извршена ждрепката за третото квалификациско коло од Конференциската лига.

Екипата на Струга Трим Љум е во друштво на екипите кои се шампиони на своите држави, но испаднаа од Лигата на шампионите. Во овој сегмент нема екстра квалитетни екипа, па така доколку шампионот на Македонија успее да го мине Будуќност од Подгорица ќе има лесен противник во следното коло.

Можни противници на стружани се Линколн (Гибралтар), како и победниците од натпреварите: ТНС (Велс) – Есперанж (Луксембург) и Балкани (Косово) – Ларн (Северна Ирска).

Екипата на Шкупи доколку успее да го изненади Левски Софија, во третото квалификациско коло може да добие уште поквалитетен противник. Можни противници на екипата од Чаир се Динамо Киев (Украина), како и победниците од натпреварите Мидтјиланд (Данска) – Прогрес (Луксембург), Хапоел Бер-Шева (Израел) – Паневежис (Литванија) и Ордабаши (Казахстан) – Легија Варшава (Полска).

Ждрепката започнува во 14 часот.

- Оглас -

Најнови вести