Шкупи ќе стане македонски фудбалски бренд

Со вистинска работа, вложување и желба за напреднок, Шкупи во следниот период треба да стане македонски фудбалски бренд, открива првиот човек и спонзор на клубот, Ајдин Олгун. Шкупи сезоната ја заврши на второто место и го задржа ритамот да игра во европските купови.

„Нашата цел е Шкупи да го подигнеме на едно повисоко ниво. Клубот ќе функционира европски, а нашите амбиции се шампионски. Една од главните цели ни е да формираме академија Шкупи и да создаваме млади и квалитетни фудбалери. Академијата за млади фудбалери ќе биде капитална инвестиција, која ќе помогне во препознавање, развој и формирање на идните млади фудбалери. Почетокот на проектот ќе биде наскоро така што новите генерации на фудбалери во Шкупи ќе имаат најдобри услови за учење, тренигн и напредување. Веруваме дека овој проект ќе го подигне фудбалот на највсоко ниво во Македонија“, вели сопственикот на Шкупи, Олгун.

Планот на Олгун е Шкупи да стигне до шампионската титула во првенството, но и конечно на европско ниво да направи чекор напред, односно да се помине барем едно коло во квалификациите. Од клубот информираат дека интензивно се работи на целосна реконструкција на стадионот во Чаир, каде ќе биде поставена нова ВИП трибина со капацитет од 1800 седишта.

Во Шкупи за новата сезона веќе се договорени Блертон Шеји од Струга, како и Томе Китановски од Македонија Ѓорче Петров. Во текот на летниот период се најавуваат уште неколку квалитетни засилувања со кои Шкупи ќе атакува кон остварување на своите цели, а тоа е шампионската титула во македонското првенство, како и успешно промовирањена европска сцена.

 

 

- Оглас -

Најнови вести