Шкупи не е ниту за Конференциска лига, пак загуби од Балкани и испадна од сите три европски купoви

Македонскиот шампион Шкупи не успеа да испише клупска историја и со вториот пораз од Балкани нема да игра во Конференциската лига на УЕФА.

Вечерва во Приштина чаирчани загубија со 1:0 и со вкупен резултат од 3:1 и со две победи, Балкани се пласира во фазата по групи во Конференциската лига на УЕФА.

Шкупи имаше и голем малер и само по две минути во реваншот вечерва остана со 10-мина играчи, а црвен картон доби Џелил Абдула.

Само по 120 секунди, дефанзивецот на гостите беше исклучен, а Балкани ја искористи предноста и со голот на Меритон Кореница пак победи за голем успех.

Гостите од Скопје во реваншот вечерва не упатија ниту еден директен удар кон голот на Балкани.

Шкупи играше во сите три еврокупови на УЕФА, а не успеа ниту во Лигата на шампионите, каде што беше елиминиран од Динамо Загреб, ниту во Лигата на Европа по дебаклот со вкупен резултат од 2:5 против Шемрок, ниту во Конференциската лига на УЕФА, каде што косовскиот претставник Балкани ги елиминира со вкупен резултат од 3:1.

Со тоа Македонија е една од ретките европски земји што ќе нема ниту еден клуб во фазата по групи во Лигата на шампионите, Лигата на Европа и Конференциската лига на УЕФА.

 

- Оглас -

Најнови вести