Шкупи поведе, па загуби од првакот на Косово и се оддалечи од групната фаза во Конференциската лига (Видео)

Шкупи поведе со 1-0, но на крајот загуби 1-2 на свој терен против Балкани, па првакот на Косово е поблиску до пласман во групната фаза во Конференциската лига.

Голот за македонскиот шампион го постигна Сандеј Адетунџи со глава, но тоа не беше доволно за поволен резултат и сега чаирчани се аутсајдери во двобојот кој може да им донесе пари и европска есен.

Победничкиот гол за Балкани беше ремек-дело на Кореница, кој во 67-мата минута со силен удар ќе ја скинеше мрежата.

Погледнете:

- Оглас -

Најнови вести