Шкупи, Шкендија и Македонија Ѓ. П. ги добија ривалите за квалификациите во Конференциската лига

На 13 и 20 јули, екипите на Шкупи, Шкендија и Македонија Ѓорче Петров, како претставници на Македонија во Конференциската лига, ќе ги играат своите мечеви од првото квалификациско коло, а денеска ги дознаа и противниците со кои ќе се соочат.

Тетовската Шкендија во првиот меч е домаќин на Хејверфордвест каунти од Велс. Тоа е клуб кој во минатата сезона беше седми во велшката лига и се чини дека не е пречка која не може да се мине.

Освојувачот на Купот на Македонија, Лавовите од Ѓорче Петров, за противник го добија РФС од Летонија, тим кој во моментов е втор на табелата во домашното првенство.

Хегелман од Литванија е противникот на Шкупи. Хегелман е интересен тим кој сезонава одигра 17 меча и секогаш или победуваше или губеше, нема ниту едно реми и во моментов е петти во литванското првенство.

- Оглас -

Најнови вести