Шкупи во Приштина по последна шанса за европска есен

Македонскиот шампион Шкупи вечерва ќе се обиде да ја анулира негативата од 2-1 против Балкани и со пресврт во вкупен резултат да се пласира во групната фаза во Лигата на конференциите.

Тимот од Чаир ќе има тешка задача да го исполни сонот наречен европска есен и да биде само вториот клуб од Македонија со пласман во групите во едно од натпреварувњата на УЕФА. Вардар го стори тоа во сезоната 2017/18, но тогаш Црвено-црните како национални шампиони играа во Лигата на Европа, а го елиминираа Фенербахче во плејофот.

Гоце Седлоски има верба дека може да се оствари посакуван резултат, иако Чаирчани пред една недела потфрлија на домашниот терен во Скопје и му дозволија на косовскиот тим да слави со 2-1.

Дуелот на стадионот „Фадиљ Вокри“ е закажан за 20 часот.

- Оглас -

Најнови вести