Шоферот на автобусот на Барса ја утна работата и се загуби во Џеда

Наместо кон теренот на „Итихад“, каде што Каталонците тренираа и требаше да одржат прес-конференција, возачот на автобусот по грешка тргна кон стадионот „Кинг Абдула“, каде што Барселона утре ќе игра со Атлетико во второто полуфинале во шпанскиот Суперкуп. Тренерот Ернесто Валверде и играчот Серхио Бускетс требаше да се појават на прес-конференција во 15.45 часот, но доцнеа околу еден час поради грешка на шоферот.

Освен што доцнеа на средба со новинарите, ова им го помести и планираниот термин за тренинг.

Откако сфатил дека вози во погрешен правец, возачот со автобусот тргнал таму каде што треба, но заглавил во сообраќајниот хаос и лавиринтите низ саудискиот град Џеда. Околу 16.30 часот фудбалерите на Барселона пристигнаа на „Итихад“.

- Оглас -

Најнови вести