Шоферот на Роналдо седум часа чекал да наполни гориво за колата на ѕвездата, и пак не дочекал

Личниот шофер на Кристијано Роналдо, потрошил дури седум часа на бензинска пумпа, а и покрај толкавото чекање, и тоа на врнежливо време, не успеал да го наполни резервоарот за гориво на новиот автомобил на суперѕвездата на Манчестер јунајтед. Според пишувањето на таблоидот „Сан“, возачот стигнал на бензинска околу 14.20 часот, а си заминал во 19. Со него во џип „Ренџ Ровер“ бил и еден од телохранителите на фудбалерот.

Во Велика Британија има проблем со снабдувањето со гориво. Џабе му се парите на Кристијано, бензин нема за никого. Инаку, колата која не дочека вчера да биде наполнета со гориво, е „Бентли флајинг спур“ вредно околу 300 илјади евра. Дури и да пристигнела цистерната на бензинската, колата нема да можела да биде наполнета до врв, затоа што има ограничување.

Инаку во пребогатата колекција автомобили на Кристијано Роналдо, убедливо најскапа кола што ја има е Бугати Чентодиечи, која вреди 8,5 милиони фунти, и има само десет такви примероци во светот.

- Оглас -

Најнови вести