Шок: Медведев го преслуша неверојатно слабиот Ѓоковиќ

Финалето на „Ролан Гарос“ против Надал, па поразот во Виена од Сонего и сега поразот од Данил Медведев во Лондон се докази дека и Новак Ѓоковиќ е човек од крв и месо, но и дека формата му е во мал пад. Русинот Медведев за еден и пол час игра му нанесе пораз на Србинот од 6-3, 6-3.

Сега Ѓоковиќ ако сака да стигне до полуфиналето на завршниот АТП Мастерс во Лондон, мора во третото коло да победи против Александер Зверев. Со победа над Медо, Ноле ќе беше полуфиналист, но претрпе пораз каков што ретко му се случува на тврда подлога. Ѓоковиќ од 2015 година чека на титула на завршниот турнир во годината, а Медведев намали на 3-4 против Ѓоковиќ во меѓусебните дуели.

- Оглас -

Најнови вести