Шок-терапија – Селекторот на Летонија повика и 24-ти играч за мечот со Македонија

Јанис Илкауниекс е приклучен во таборот на Летонија за утрешниот меч со Македонија и тој е 24-от репрезентативец што е на завршните подготовки на домаќинот.

Селекторот на Летонија, Славиша Стојановиќ е под голем притисок, му се заканува отказ ако загуби од Македонија, па се одлучи за неочекуван потег и го приклучи и фудбалерот на Лиепаја на тренинзите.

Ова е шок-терапија за Летонците по катастрофата во Салцбург и поразот од 0:6. Со кардинални грешки и неколку смешни потези сами си кумуваа на бродоломот, па сега ќе одат на се, или ништо против нас. Наредија пет порази, со катастрофална гол-разликаод 1:19, што е втор најлош учинок во сите 10 квалификациски групи, зад Сан Марино.

„Го повикав Јанис за да ги размрдаме малку редовите. Очекував да биде тешко, но не вака, со лоши резултати. Преку ноќ не се прави ништо и ни треба трпение за да напредуваме“, изјави Стојановиќ.

Медиумите немаат многу разбирање за Словенецот кој беше именуван за сеелектор на Летонија во март, а премиерен меч му беше тој на стартот од квалификацискиот циклус во Скопје против нас. Ги победивме Летонците со 3:1 во супериорна игра, а реприза се очекува и утре против најслабата селекција во Г групата.

- Оглас -

Најнови вести