Шок во 123-тата минута за 35.000 гостински навивачи, Херта го преживеа пеколот во Берлин

Херта успеа да ја истрпи инвазијата од 35.000 навивачи на Динамо Дрезден за дуелот на Олимпискиот стадион во Берлин и на крајот домаќините да се радуваат на влез во следната фаза од Купот на Германија. Во меч кој беше со многу драма и пресврти, на крајот мораше да се изведуваат пенали за да се дознае победникот.

Половина стадион беше обоен во жолто и даваше поддршка за Динамо, кој на полувреме водеше со 1:0. Херта стигна до 2:1, но прими гол од пенал во 90-тата минута за да има две продолженија од по 15 минути. Динамо поведе со 3:2 во 107-мата минута, но Херта успеа да израмни на 3:3 во 123-тата минута, односно буквално во последните секунди од средбата.

Во пенал-рулетот, играчите на Херта беа посмирени и на крајот победија со 5:4.

- Оглас -

Најнови вести