Шок во Франција, се самоуби легендарен спортист!

Познатиот француски рагбист Кристоф Доминичи загина трагично на 48-годишна возраст, а според информации во француските медиуми, тој скокнал од покривот на зградата во којашто живеел во близина на Париз и најверојатно сам си го одзел животот.

Засега не е јасно поради кои причини тој решил да се самоубие, иако можеби тоа е поврзано со еден неуспешен обид со арапски конзорциум да купи еден клуб, но бил спречен од француската финансиска регулаторна комисија.

Доминичи е еден од најлегендарните рагбисти во Франција. Беше дел од тимот кој на СП во 1999 година во полуфиналето го победи фаворитот Нов Зеланд, а активно играше до 2008 година. Со селекцијата на Франција освои шест трофеи во натпреварувањето Шест нации. Во последните години работеше како аналитичар во француската радиотелевизија.

- Оглас -

Најнови вести