Шок во Шпанија: Мајорка како Манчестер сити, го победи Атлетико со 1-0

Мајорка го победи Атлетико Мадрид со 1-0 во изненадувачки исход од шпанската лига, бидејќи за актуелниот првак заврши серијата од шест победи по ред. Голот го даде Ведат Муриќи од пенал.

Ова беше петти меѓусебен дуел на тренерите Хавиер Агире и Диего Симеоне, и никогаш немало повеќе од еден гол. Мајорка за првпат после 23 години, успеа да го победи Атлетико двапати во една иста сезона.

Мајорка пред овој меч, имаше седум порази по ред, од 14-ти февруари немаа дадено гол дома, но успеа да освои три бода важни во битка за опстанок.

Атлетико сезонава направи дури седум пенали, повеќе од Реал Мадрид, Севилја и Барселона заедно. Јорганџиите во сезоната 2010/2011 последен пат имаа направено седум пенали.

- Оглас -

Најнови вести