Шок во Турција: Во сообраќајка загина поранешен репрезентативец (Видео)

Еден од најдобрите играчи на Коњаспор сезонава, Ахмет Чалик, утрово загина во сообраќајна несреќа, пренесуваат турските медиуми, а информацијата ја потврдија и од неговиот клуб.

Чалик, кој имаше само 27 години, во близина на Анкара со својот автомобил излетал од патот и починал на самото место. Фудбалерот бил сам во автомобилот.

Чалик е фудбалер кој потекнува од школата на Генчлербирлиги, а во 2017 година направи трансфер во Галатасарај. Три сезони го носеше дресот на турскиот гигант, а во 2020 година замина во Коњаспор.

Сезонава дефанзивецот Чалик одигра 18 меча за Коњаспор и беше еден од најважните играчи во тимот. Ахмет на осум меча го носеше и дресот на турската репрезентација, а успеа да постигне и еден гол.

- Оглас -

Најнови вести