Шок во Удине, мечот е прекинат поради срцев удар на фудбалер на Рома (Видео)

Натпреварот Удинезе – Рома од италијанската Серија А, е прекинат во 73-та минута поради здравствен проблем на фудбалерот на Волчицата, Еван Ндика.

Ндика почувствувал болка во градите и среде меч падна на тревата, му се укажуваше лекарска помош, а иако беше при свест, сепак веројатно станува збор за нешто непријатно. Тренерот Даниеле Де Роси рече дека станува збор за срцев удар.

Играчите, тренерите и судиите беа во шок, и се договорија средбата да биде прекината.

- Оглас -

Најнови вести