Шок во УФЦ: Адесања го загуби шампионскиот појас

Само пет месеци откако го врати шампионскиот појас во средба категорија од Алекс Переира, една од најголемите ѕвезди во УФЦ, Израел Адесања, утринава повторно ја загуби титулата, овојпат од Шон Стрикланд.

Стрикланд на манифестацијата УФЦ 293 која се одржа во Сиднеј, со едногласна одлука на судиите (49:46,49:46,49:46) го победи Адесања.

Адесања на крајот од првата рунда едвај успеа да избегне нокаут по одличната комбинација на Стрикланд. Американецот кој често спарингува токму со Алекс Переира кој му го нанесе првиот пораз на Адесања, доминираше во текот на сите пет рунди, беше далеку поактивен борец во октагонот и сосема заслужено славеше и стана нов шампион во средна категорија (до 84 килограми).

Претседателот на УФЦ, Дејна Вајт, најави дека ќе следува реванш, додека Адесања не се појави на прес-конференцијата.

„Шон Стрикленд дојде на непријателска територија, а целиот свет зборуваше дека не може да победи. Беше голем аутсајдер, а речиси го нокаутира Адесања и ја освои титулата. Адесања не личеше на себе, дури и во петтата рунди кога сите знаеја дека само со нокаут ќе победи. Дефинитивно ќе има реванш“, изјави Вајт.

Во останатите борби на главната вечер, Александар Волков го победи Таи Туиваса со гушење, Манел Кејп со едногласна одлука на судиите го совлада Фелипе дос Сантос. Џастин Тафа и Тајсон Педро со технички нокаут славеа над Остин Лан и Антон Туркаљ.

- Оглас -

Најнови вести