Шок за 60.000 навивачи кои купија билети за Интер – Лудогорец

Ширењето на коронавирусот во Италија, особено во областите Ломбардија и Венето, придонесе реванш-мечот од 16-финалето на Лигата на Европа помеѓу Интер и Лудогорец, кој е закажан за в четврток, да се игра пред празни трибини. Официјалната одлука уште не е донесена, но пореално да биде така отколку УЕФА да реши да се игра некаде на неутрален терен, што е втората опција.

За Интер ова е лоша вест и клубот ќе претрпи огромни финансиски загуби бидејќи веќе се продадени 60 илјади билети.

Проблем може да има и Јувентус, ако супердербито со Интер следниот викенд треба да се игра без навивачи. Јуве го затвори за посети својот музеј и така ќе биде до 29 февруари, а Милан привремено го затвори својот фан-шоп. Исто така и на „Сан Сиро“ до 1 март не смее да има луѓе.

- Оглас -

Најнови вести