Шок за Барди: Повредата е посериозна!

Македонскиот репрезентативец Енис Барди доби лоши вести по враќањето во тимот на Леванте. Повредата во грбот е многу посериозна отколку што се претпоставуваше, што беше причина за Барди да не игра против Грузија.

Шпанскиот весник „Марка“ тврди дека по вчерашните прегледи, на Барди му е потребна операција за да го реши проблемот, за што ќе му бидат потребни неколку недели да се рехабилитира.

Прогнозата околу паузата на клучниот фудбалер и во нашиот национален состав, а и во Леванте, ќе биде поточна откако ќе му се изврши хируршкиот зафат.

Иако повредата е посериозна, засега не треба да се крева паника околу неговиот настап на Европското првенство, кое ќе се одржува дури во средината на јуни идната година.

- Оглас -

Најнови вести