Шок за еден од домаќините на Евробаскетот, се повреди најдобриот на Грузија

Грузиската кошаркарска репрезентација стравува по повредата на Торнике Шенгелија. Во вчерашниот квалификациски дуел против Холандија, најдобриот грузиски кошаркар се здоби со повреда на десното рамо по еден незгоден пад, па сега се става под знак прашалник неговиот настап на претстојниот Евробаскет.

Шенгелија речиси сигурно задутре го пропушта мечот против Италија од квалификациите за Мундобаскетот, а на помалку од една недела непознато е дали ќе биде во конкуренција за настап на континенталниот шампионат. Додека се чекаат резултати од прегледите, повеќе медиуми известуваат дека минимални се шансите за Токо да заигра на Евробаскетот.

Грузија е една од земјите домаќини на кошаркарскиот собир во Европа, ќе игра во групата А против Шпанија, Турција, Бугарија, Белгија и Црна Гора.

- Оглас -

Најнови вести