Шок за фаворитите: Пораз за златните од Рио и за првите фаворити за титулата во Токио

Шпанија со 13:12 славеше над Србија во дербито од првото коло на ватерполо турнирот на ЛОИ. Црвената фурија одлично ги искористи шансите кога имаше играч повеќе и даде дури девет гола во таква ситуација. Втората четвртина беше клучна за победата на Шпанија, кога дадоа пет, а примија само три гола, па во продолжување на мечот не му дозволија на противникот да го превземе водството.

Освен поразот на Србија, во првото коло изненадувачи загуби и Унгарија, репрезентација која според коефициентите важи за прв фаворит за освојување на златото на ватерполо турнирот.

Унгарците беа поразени од Грција со 10:9. Грците ги добоја втората и третата четвртина и потоа во последниот период успеа да се одбрани и да стигне до победата.

Во останатите мечеви од првото коло: Јужна Африка – Италија 2:21, САД – Јапонија 15:13 и Австралија – Црна Гора 10:15.

 

- Оглас -

Најнови вести