Шок за Германија, испадна на фудбалскиот турнир

Репрезентацијата на Германија испадна во групната фаза од фудбалскиот турнир откако во решавачкото трето коло одигра само 1:1 во дуелот со Брегот на Слоновата Коска. Панцерите во три меча успеаја да ја победат само Саудиска Арабија, а загубија од Бразил, па со четири бода останаа на третото место во групата, зад лидерот Бразил со 7 бодови и Брегот на Слоновата Коска со 5 бода. Во оваа група, Бразил со 3:1 ја победи Саудиска Арабија.

Во нокаут-фазата се пласираа и Јужна Кореја и Нов Зеланд, додека Романија и Хондурас ги завршија настапите. Во третото коло, Јужна Кореја убедливо со 6:0 го победи Хондурас, додека Нов Зеланд успеа да одигра нерешено без голови против Романија и да го задржи второто место во групата.

Од 13 часот ќе играат: Австралија – Египет и Шпанија – Аргентина, а од 13:30 часот се дуелите Франција – Јапонија и Јужна Африка – Мексико.

- Оглас -

Најнови вести