Шок за Интер: Лукаку нема да игра против Реал Мадрид во ЛШ

Интер ќе биде без својот најдобар фудбалер Ромелу Лукаку во следните неколку дена откако се потврди дека се здобил со повреда на дуелот против Шахтар Донецк во второто коло од Лигата на шампионите. По направената магнетна резонанца, резултатите биле дека Лукаку го повредил адукторот на левата нога.

Според информациите од Интер, Лукаку ќе мора да мирува во следните неколку дена, а тоа значи дека сигурно нема да игра против Парма во мечот од Серија А. Речиси сигурно е дека голгетерот нема да биде во составот на Интер и за дуелот против Реал Мадрид, кој е закажан за следниот вторник во Мадрид.

Лукаку во досегашниот дел од сезоната постигна вкупно седум погодоци. Интер по првите две кола во ЛШ, има само два бода и двомечот против Реал Мадрид може да му биде и клучен за освојување на едно од првите две места во групата.

 

- Оглас -

Најнови вести