Шок за Јувентус: Хедира има проблеми со срцето

Италијанскиот првак Јувентус утревечер нема да може да смета на Сами Хедира за дуелот против Атлетико Мадрид. Освен за овој меч, Хедира ќе отсуствува и на следните неколку средби, а причината е сериозна. На Хедира му се констатирани срцеви проблеми.

Германскиот интернационалец останал во Торино за да направи дополнителни прегледи. Од Јувентус потенцираат дека не е исклучено Сами да мора да оди и на операција. Сепак, во таборот на „старата дама“ се надеваат дека сè ќе биде во ред со играчот кој неодамна го продолжи договорот со најтрофејниот италијански клуб до 2021 година.

Хедира како играч на Јувентус има вкупно 113 настапи, а има импресивен биланс дури од 86 победи. Се радувал на три титули, во Серија А, Купот на Италија и еден Суперкуп.  Во дресот на германската репрезентација е од 2009 година, а досега има 77 мечеви.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести