Шок за Манчестер сити во 98 минута: Граѓаните дома поразени од Брентфорд

Брентфорд го направи најголемото изненадување од почетокот на сезоната во Премиер лигата, откако со 2:1 победи на гостински терен против Манчестер сити. Дека гостите се подготвени за шокантен резултат најавија со погодокот на Иван Тонеј во 16 минута, а сити израмни преку Фил Фоден во 45+2 минута.

Во второто полувреме Сити постојано напаѓаше, создаваше шанси, но домаќините не можеа да дадат гол. Џабе беа упатените 26 удари кон противничкиот гол, Сити имаше три четвртин од времето посед на топка, домаќините изведоа 10 корнери, но гол не постигнаа.

Шокот да биде комплетен се погрижи повторно Тонеј со вториот негов погодок во 98 минута. За Сити ова е прв пораз на свој терен во Премиер лигата по тој од Тотенхем во февруари оваа година.

По 14 одиграни кола, Сити остана на 32 бодови и е на второто место со два бода помалку од Арсенал, кој денеска игра на гости кај Вулверхемптон. Брентфорд стигна до 19 бодови од 15 меча и сега е на 10 место во Премиер лигата.

- Оглас -

Најнови вести