Шок за Њукасл, Саудијците креваат раце од премиерлигашот, се вртат кон купување на Рома!

Саудискиот принц Мохамед бин Салман ако биде принуден да се откаже од купување на премиерлигашот Њукасл, можеби ќе ја купи Рома, која бара нов сопственик бидејќи актуелниот Џејмс Палота не е пожелен од фановите.

Навивачите на Њукасл се на пат да доживеат ново разочарување бидејќи зделката за продажба на клубот на саудискиот инвеститор е пред пропаст. За Чавките се интересира престолонаследникот на Саудиска Арабија, принцот Мохамед бин Салман, кој требаше да го купи клубот за 300 милиони фунти и во него да донесе звучни засилувања.

Документите беа дадени на одобрување пред раководството на Премиер лигата пред повеќе од пет недели, но следуваше затишје поради големото општествено незадоволство. Саудиска Арабија е обвинета за нарушување на човековите права за убиството на новинарот Кашоги, а Катарците ги обвинија за пиратерија и крадење на преносите од некои натпревари.

Од целата оваа ситуација заработка може да имаат во италијанската Серија А, поточно Рома. Претседателот на Волчицата, Џејмс Палота, веќе имал контакт со Саудијците и им предложил да го купат неговиот тим. Палота сака да ја продаде Рома и тој не смета дека ќе му ги украде спонзорите на Њукасл, туку дека понудата важи само ако Бил Салман не го купи Њукасл.

- Оглас -

Најнови вести