Шок за Сонцата од Феникс – Ајтон падна на тестот за допинг, ќе паузира 25 меча

ДеАндре Ајтон ќе паузира на следните 25 натпревари во НБА лигата, откако паднал на допинг тест. Центарот на Феникс санс бил позитивен на дијаретик и по само еден одигран меч во новата сезона долго ќе паузира.

Ајтон е прв пик од ланскиот драфт, а во деби сезоната имаше одличен просек и дабл-дабл учинок од 16.3 поени и 10.3 скока.

Го одигра премиерниот натпревар за Феникс во новата сезона и постигна 18 поени, имаше 11 скока и 4 блокади во победата против Сакраменто кингс.

„Сакам да им се извинам на сите во франшизата на Феникс и на моето семејство. Направив ненамерна грешка, мезнаејќи точно за што се работи. Жалам за грешката и за тоа што ќе ги оставам моите соиграчи во ситуација кога сум казнет со 25 натпревари неиграње“, изјави Ајтон.

Тој е еден од најперспективните играчи во НБА лигата, а ова е една од највисоките казни за допинг во најсилната кошаркарска лига на светот.

- Оглас -

Најнови вести