Шок за Србија пред ЕП: Селекторот реши да го исфрли капитенот од тимот

Милош Теодосиќ нема да биде во составот на Србија за претстојното Европско првенство во кошарка, соопштуваат тамошните медиуми. Во изминативе години Теодосиќ беше капитен на Србија, тој се појави и на последните подготовки, но најавите се дека селекторот Светислав Пешиќ ќе го „прецрта“ искусниот плејмејкер.

Теодосиќ во дресот на српската репрезентација дебитираше во 2007 година, а има три сребрени медали од големи натпреварувања. На ЕП во Полска, Србија заврши на второто место, а Теодосиќ беше капитен на Светското првенство во Шпанија во 2014 година, каде што Србија го освои среброто, како и на Олимпискити игри во Рио де Жанеиро, каде што повторно стигнаа до второто место на ова големо натпреварување.

Кошаркарот кој го носи дресот на Виртус Болоња има 35 години и најверојатно тука ќе заврши репрезентативната кариера на еден од најдобрите бекови во изминативе 20 години во Европа.

- Оглас -

Најнови вести